İsa Toprak
31 Јануари 2022•Ажурирај: 01 Февруари 2022
АНКАРА (АА) - Турција во 2021 година угости 30.038.961 посетители, што е за 88,08 отсто повеќе во однос на претходната година, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за култура и туризам на Турција соопшти дека минатата година бројот на странски посетители е зголемен за 94,06 отсто во однос на 2020 година.
Русија е земјата од која дошле најмногу туристи. Во текот на 2021 година, Турција беше домаќин на 4.694.422 посетители од Русија, што е за 120,5 отсто повеќе од претходната година.
Минатата година Турција беше домаќин на 3.085.215 посетители од Германија, што е за 175,7 отсто повеќе од претходната година и 2.060.008 посетители од Украина, што е за 106,4 отсто повеќе. Следуваат Бугарија и Иран по бројот на посетители кои ја посетиле Турција минатата година.
Само во декември минатата година, Турција беше домаќин на 1.892.520 странски посетители, што е за 170,6 отсто повеќе од декември 2020 година. Во декември, Турција забележа најмногу посетители од Бугарија, Германија, Иран и Русија.