Merve Yıldızalp,Sefa Şahin,Neriman Senanur Torun
03 Септември 2023•Ажурирај: 05 Септември 2023
АНКАРА (АА) - Силно невреме денес ја зафати Анкара, главниот град на Туркије, јавува Анадолу.
Некои делови на Анкара беа поплавени, а премините на патиштата не можеа да се користат поради големото количество вода. Најголеми проблеми поради големото количество вода се создадоа во квартовите Бешевлер и Сихије, а во некои делови од градот се случија и сообраќајни несреќи.
Можеше да се забележи и дека граѓаните чекаат во затворени простории додека не престанат обилните врнежи од дожд. Градските служби излегоа на терен за да ги исчистат одводите.