Nilay Kar
04 Февруари 2019•Ажурирај: 05 Февруари 2019
АНКАРА (АА) - Состанокот на турската и американската заедничка работна група ќе се одржат во вторник во Вашингтон, пренесува Anadolu Agency (AA).
Турското Министерство за надворешни работи преку соопштение истакна дека заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, од Турција, и државниот потсекретар за политички прашања, Дејвид Хејл, од САД, ќе претседаваат со состаноците.
Министерството не обезбеди дополнителни детали за состаноците.
Турција и Соединетите Американски Држави (САД) воспоставија механизам со цел решавање на одделни прашања преку работните групи, вклучувајќи го и стабилизирањето на ситуацијата во Мунбич, градот во северна Сирија, како и за спречување на несаканите судири, по посетата на поранешниот американски државен секретар, Рекс Тилерсон, на Анкара во февруари 2018 година.
Првиот состанок на работната група се одржа на 8 март 2018 година на кој главните принципи на потенцијалната соработка помеѓу Турција и САД беа окарактеризирани како конструктивни.
Терористичката организација ФЕТО, групата која стои зад неуспешниот обид за државен удар во Турција во 2016 година, прашањата поврзани со визите и борбата против терористичката организација ПКК, исто така, беа предмет на разговори на работната група.