Gökhan Ergöçün
14 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
АНКАРА (АА) - Турските вооружени сили ги модернизираат оклопните возила со нови системи на оружје и високотехнолошка опрема, јавува Агенција Анадолија (АА).
Прототипот на проектот за модернизација на Претседателството на одбранбени индустрии, граѓанска институција за зајакнување на индустријата за национална безбедност на Турција и за управување со системите и снабдување со воена технологија, е завршен.
Како што истакна челникот на Претседателството, Исмаил Демир, проектот вреден 900 милиони лири (113,1 милион американски долари) започнал кон крајот на 2019 година со соработка на турските одбранбени компании Аселсан и ФННС.

„Во првата фаза ќе бидат модернизирани дури 133 возила“, рече тој, додавајќи дека возилата ќе бидат опремени со оружјето на далечинско управување „Нефер“, со ласерско предупредување, уреди за надзор одблизу, за прегледност на возачот и системи за правец и навигација.
Демир изјави дека возилата исто така ќе имаат климатизација, греење, гаснење пожар, системи за сузбивање експлозии, со што ќе се зајакнат нивните оклопи и нивото на заштита од мини.
„Трајноста на возилата значително ќе се зголеми, а нивниот работен век ќе се продолжи“, рече тој.