Hüseyin Bağış
14 Октомври 2020•Ажурирај: 16 Октомври 2020
ИСТАНБУЛ
Во Турција приведени се 44 лица поради наводи за нивна поврзаност со терористичката организација ФЕТО, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во рамките на истрагата спроведена од Главното обвинителство на Истанбул, Канцеларијата за антитероризам во Истанбул спроведе истовремени операции во 15 области.
Врз база на истрагата за инфилтрираните елементи на терористичката организација ФЕТО/ПДЈ во рамките на Турските вооружени сили, Обвинителството во Истанбул издаде налог за приведување на 47 осомничени лица за кои е утврдено дека користеле тајни и паралелни системи за комуникација во Турските вооружени сили.
Од осомничените 47 припадници на ФЕТО, приведени се 44 лица.
Операциите за пронаоѓање на останатите осомничени лица се во тек.
Терористичката организација ФЕТО и нејзиниот водач, Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), стојат зад неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за соборување на државниот поредок преку инфилтрирање на нејзините припадници во турските институции, особено во војската, полицијата и во судството.