Hüseyin Yıldız,Göksel Cüneyt İğde
31 Март 2019•Ажурирај: 01 Април 2019
АГРИ
Турската Црвена полумесечина ќе помага во Иран, каде што од поплавите животот го загубија 44 лица, а 265 беа повредени, јавува Anadolu Agency (AA).
Камиони со хуманитарна помош (5 на број), од граничниот премин Гурбулак, во местото Догубејазит во градот Агри, ја преминаа турско-иранската граница и се упатија на местата кои беа поплавени.
Во заедничка организација на турската и иранската полумесечина до настраданите од поплавите ќе бидат дистрибуирани 320 шатори, 500 кревети, 1.625 ќебиња, 100 хигиенски комплети, 360 комплети за во кујна и 60 печки.
Алил Коџабал, шеф на турската Црвена полумесечина за Иран, во изјавата за дописникот на АА истакна: „Се надевам дека 5-те камиони со хуманитарна помош ќе стигнат до настраданите од поплавите. Турскиот народ секогаш е до угнетените. Ги чекаме донациите на нашите граѓани за кампањата која започна за настраданите од поплавите во Иран.“
Коџабал, потсетувајќи дека хуманитарната помош ќе стигне до регионот зафатен од поплавите, нагласи: „Најпрвин до настраданите ќе ги испорачаме комплетите за домување за 320 семејства. Заедно со иранската Црвена полумесечина сакаме да пружиме рака за сите настрадани од поплавите. Во координација со иранската Црвена полумесечина сакаме сите активности за хуманитарната помош да ги водиме ние. Секако, тука голема задача има и турскиот народ, нашите можности се познати. Со помошта на турскиот народ се надевам дека ќе им подадеме рака на поголемиот број настрадани од поплавите.“

Камионите кои носат хуманитарна помош и екипата на турската Црвена полумесечина составена од вкупно шест лица поминаа низ граничниот премин Гурбулак и се упатија кон регионот погоден од поплавите.