Ekipa
24 Септември 2017•Ажурирај: 25 Септември 2017
ШИРНАК (АА) - Вооружените сили на Република Турција и денес продолжија со големата воена вежба на границата со Ирак, а денес во вежбите учествуваат и дополнителни артилериски единици кои пристигнаа вчера, јавува Anadolu Agency (AA).
На седмиот ден од воената вежба, во непосредна близина на граничниот премин Хабур во областа Силопи, турската војска спроведува вежби на акција на тенковите и оклопните возила.
Полигонот на којшто се изведува вежбата се наоѓа веднаш до големиот паркинг за товарни возила на граничниот премин меѓу Турција и Ирак.
Денешната вежба се состоеше од три фази, земање на просторот, деминерски преглед и воспоставување контрола.
Турските сили спроведуваат воена вежба во пограничниот појас во екот на тензиите во соседен Ирак, во кој Курдската регионална управа најави дека утре ќе го одржи спорниот референдум за независност на северниот дел од Ирак. Референдумот го забранија Владата и Уставниот суд на Ирак, на кој се противат Турција и Иран, како и остатокот од меѓународната заедница, со исклучок на Израел.