Dilan Pamuk
26 Декември 2020•Ажурирај: 27 Декември 2020
АНКАРА (АА) - Турските безбедносни сили неутрализираа пет терористи на ЈПГ/ПКК во северна Сирија, соопшти денес турското Министерство за одбрана, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството истакна дека терористите се обиделе да се инфилтрираат во областа на операцијата „Извор на мирот“.
Во меѓувреме, во регионот се случи судир меѓу терористите на ЈПГ/ПКК и Сириската национална војска.
Од 2016 година, Турција започна три успешни антитерористички операции во северна Сирија за да спречи формирање на терористички коридор и да овозможи мирно враќање на жителите: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Терористичките организации, особено ЈПГ/ПКК, честопати прават обиди да се инфилтрираат и да организираат напади во овие области со цел нарушување на мирот и стабилноста кои ги обнови Турција.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.