Muhammed Ali Toruntay
02 Јануари 2022•Ажурирај: 03 Јануари 2022
Турските сили неутрализираа 6 терористи на терористичката организација ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган и се обиделе да се инфилтрираат во зоните каде што беа реализирани операциите „Извор на мирот“, „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“ во Сирија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Министерството за национална одбрана на Турција.
Во соопштението се вели дека турските војници ја продолжуваат борбата против тероризмот и терористите.
„Храбрите припадници на Турските вооружени сили неутрализираа 6 терористи на ПКК/ЈПГ кои отвориле провоцирачки оган и се обиделе да се инфилтрираат во зоните каде што беа реализирани операциите „Извор на мирот“, „Маслинова гранка“ и „Штитот на Еуфрат“, се додава во соопштението.