Yunus Okur
30 Април 2016•Ажурирај: 01 Мај 2016
ЕРЗУРУМ (AA) – Во автобуска несреќа во местото Нарман, провинцијата Ерзурум, на североистокот на Турција, повредени се 20 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Автобус со ирански регистарски табличк икој од Ерзурум патуваше за Карс, градот во близина на турско-арменската граница се преврте во местото Нарман.
Во автобусот се наоѓаа 24 патници, а 20 се повредени.
Повредените патници се превезени во болница во Ерзулрум, а на местото на несреќата се преземени високи безбедносни мерки.
Одредени патници тврдат дека шоферот заспал.