Halil Demir
26 Декември 2017•Ажурирај: 26 Декември 2017
ИСТАНБУЛ (АА) - Во акциите на турските безбедносни сили извршени во рамките на борбата против терористичката организација ДЕАШ во Истанбул и Батман, приведени се 28 странски државјани, јавува Anadolu Agency (AA).
Тимовите за борба против тероризмот организираа акции за приведување на лицата поради сомнение дека делуваат во име на ДЕАШ и дека подготвуваат напад.
Акциите се извршени во истанбулските подрачја Султанбејли, Пендик, Багџилар, Кадикој и Чекмекој, односно на 29 адреси во Батман.
При претресите запленето е оружје и поголема количина на муниција, документи и дигитален материјал.
Во тек е земањето искази од осомничените.