Mehmet Fatih Aslan
27 Мај 2019•Ажурирај: 28 Мај 2019
ШАНЛИУРФА (АА) - Во Шанлиурфа, Турција, приведени се девет лица за кои постои сомнение дека се поврзани со терористичката организација ДЕАШ, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Полициската управа во Шанлиурфа соопштија дека припадниците на безбедносните сили и разузнавачките служби, во координација со Обвинителството, организирале акција со цел да се спречат активностите на членовите на ДЕАШ, кои се откриени.
Во акцијата приведени се девет лица за кои се смета дека делувале во рамките на ДЕАШ, кои потоа се и уапсени.