Yusuf Soykan Bal
01 Септември 2021•Ажурирај: 02 Септември 2021
ИЗМИР
Во различни временски периоди, во подрачјето на Сеферихисар, Дикили и Чешме во турската област Измир од морето се извлечени 166 нерегуларни мигранти кои од Грција се потиснати во турските територијални води, известува Агенција Анадолија (АА).
По информацијата дека се забележани нерегуларни мигранти во гумен чамец и сплав за спасување на отворено море во подрачјето на Сеферихисар, припадниците на Крајбрежната стража се упатени кон посоченото место.
Од морето се спасени 53 нерегуларни мигранти кои биле потиснати во турските територијални води од страна на грчките елементи.

На отворено море во подрачјето на Дикили, екипите на Турската крајбрежна стража откриле чамец со 41 нерегуларен мигрант, кои од грчките елементи биле потиснати во турските територијални води, а спасени се уште 36 нерегуларни мигранти кои побарале помош поради дефект на нивниот гумен чамец.
Од друга страна, на турскиот брег се излечени уште 36 нерегуларни мигранти, за кои е утврдено дека од грчките елементи се потиснати во турските територијални води, на отворено море во местото Чешме.
По спроведената контрола и заведување на нерегуларните мигранти, тие се испратени до обласната Управа за управување со миграција.