Burak Dağ
15 Октомври 2020•Ажурирај: 15 Октомври 2020
АНКАРА
Турција денеска започна нова антитерористичка операција во четири источни области, се соопштува од Министерството за внатрешни работи, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Операцијата „Јилдирим-13 Бестлер-Дерелер“ е со цел да се спречат потенцијални напади оваа зима, комплетно елиминирајќи ги сепаратистичките терористички организации и неутрализирајќи ги сите терористи кои се кријат во регионот“, се соопштува од Министерството.
„Дури 2.500 лица за безбедност, вклучително и силите за специјална операција на жандармеријата, полицијата и други лица за безбедност, се дел од операцијата во областите Ширнак, Сирт, Ван и Хакќари“, се додава во соопштението.
Иако во соопштението не се споменува одредена терористичка организација, ПКК е активна во источна Турција и Владата реализира неколку операции оваа година со цел неутрализирање на терористите на ПКК во регионот.
„Во операциите „Јилдирим“ досега неутрализирани се најмалку 124 терористи, фатени се 53 соработници, уништени се 190 пештери, засолништа и магацини и запленето е големо количество оружје, муниција и други набавки“, се соопштува од Министерството.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои се наоѓаат и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.