Havva Kara Aydın
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
ИСТАНБУЛ/БАЛИКЕСИР/ЕДРЕНЕ/КОЏАЕЛИ (АА) - Турските обвинители издадоа налози за приведување на 329 лица осомничени за поврзаност со терористичката организација ФЕТО, соопштија безбедносни извори, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во Истанбул се спроведени истовремени операции во 42 градови, издадени се налози за приведување на 294 осомничени лица, се вели во соопштението издадено од Канцеларијата на јавниот обвинител.
Осомничените, 292 од нив отпуштени или војници на должност, биле вклучени во „структурите на приватните служби“ на таканаречената приватна структура на организацијата во Турските вооружени сили, се вели во соопштението.
Некои од осомничените се приведени, а се трага по останатите.
Во одвоена операција во западната турска област Баликесир, издадени се налози за приведување на седум осомничени припадници на ФЕТО кои се кријат во куќите ќелии на терористичката организација и петмина од нив се приведени, вели безбедносен извор кој зборуваше под услов на анонимност.
Потрагата по останатите двајца осомничени е во тек, додадоа изворите.
Во друга операција покрената во северозападната област Едрене, издадени се налози за приведување на 20 припадници на ФЕТО и полициските тимови приведоа 18 од нив во истовремени операции во 10 области, се соопштува од канцеларијата на јавниот обвинител.
„Меѓу приведените лица се наоѓаат отпуштени воени службеници, адвокати, полициски службеници, лекари и наставници“, се вели во соопштението во кое се додава дека потрагата по останатите двајца осомничени е во тек.
Полициските тимови во северозапдната турска област Коџаели приведоа осум припадници на ФЕТО вклучувајќи четири лица на должност од персоналот на жандармеријата, во операција која е спроведена истовремено во шест области.
Терористичката ФЕТО и нејзиниот водач Фетула Ѓулен, кој живее во САД, го организираа неуспешниот обид за пуч на 15 јули 2016 година во Турција, во кој загинаа 251 лице, а речиси 2.200 лица беа повредени.
ФЕТО стои и зад долготрајната кампања за уривање на државниот поредок преку инфилтрирање на свои приврзаници во турските институции, особено во војската, полицијата и судството.