Orhan Onur Gemici
02 Февруари 2021•Ажурирај: 03 Февруари 2021
АНКАРА (АА) - Министерството за внатрешни работи на Република Турција соопшти дека во источните области Битлис и Сирт е покрената антитерористичката операција „Ерен-6 Мергело“, во која учествуваат 1.453 припадници на безбедносните сили, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството се наведува дека се продолжени операциите „Ерен“ покренати на 11 јануари чија цел во потполност да се искоренат терористите на ПКК-КЏК.
Во тие рамки е покрената операцијата „Ерен-6 Мергело“.
Во споменатата акција учествуваат 82 тимови, составени од 1.453 припадници на специјалните единици, жандармеријата и полицијата.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.