Salim Taş
23 Август 2021•Ажурирај: 24 Август 2021
АНКАРА
Турција денес испрати 16 тони хуманитарна помош на Хаити откако таа карипска држава неодамна ја погоди земјотрес со јачина од 7,2 степени по Рихтер, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Помошта, што вклучува 222 кутии храна и 270 кутии хигиенски производи, е подготвена по налог на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган“, се наведува во соопштението на турската Агенција за управување со катастрофи и итни случаи (АФАД).
„Помошта ќе биде испорачана во Хаити со товарен авион на Турските воздушни сили, а ќе ја дистрибуира тимот на АФАД“, се додава во соопштението.

Најмалку 2.207 лица загинаа, а повеќе од 12.268 се повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени по Рихтер што минатиот викенд го погоди Хаити.
Агенцијата за цивилна заштита на Хаити соопшти вчера дека најмалку 344 лица и понатаму се водат како исчезнати.
Наведено е дека се уништени околу 53.000 објекти.
