Handan Kazancı
18 Мај 2020•Ажурирај: 19 Мај 2020
АНКАРА
Турските воздушни сили успешно го завршија тестирањето на системот за прецизно наведување од домашно производство, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за одбрана на Турција денес соопшти дека е тестиран HGK-84, систем за прецизно наведување, во потполност произведен во Турција.
„Турските воздушни сили успешного завршија тестирачкото испалување со помош на HGK-84 LAB (Систем на боеви глави со ласерско наведување), произведено во нашата земја“, соопшти Министерството на Твитер.
Заедно со вестите за овој значаен потфат, беше објавено и видео од авионот кој ја испалува ракетата.
Според Институтот за истражување и развој на воената индустрија, HGK-84 е систем за наведување GPS / INS кој ги претвора постојните ракети со општа употреба 2000 lb Mk-84 и продирачки ракети во паметни ракети воздух-земја.
Овој систем за водење овозможува прецизност во сите временски услови.