Faruk Zorlu
30 Април 2019•Ажурирај: 01 Мај 2019
БРАТИСЛАВА (АА) - Турскиот министер за надворешни работи, Мевлут Чавушоглу, изјави дека Европската Унија (ЕУ) треба да одлучи дали сака да ја види Турција во Унијата или не, јавува Anadolu Agency (AA).
„Доколку ЕУ не нѐ сака, таа треба да донесе одлука“, изјави Чавушоглу на прес-конференцијата по 4. Состанок на Вишеградската група (В4) и турскиот министер за надворешни работи во Словачка.
„Но, не се работи само за реформите, или само за стандардите и критериумите што Турција може да ги исполни или што не ги исполнила“, рече Чавушоглу.
Турција постојано изразуваше незадоволство од политичките пречки, дискриминацијата и двојните стандарди кои стојат на патот кон нејзиното пристапување во ЕУ.
За време на состанокот, Чавушоглу, словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, чешкиот министер за надворешни работи, Томас Петричек, полскиот заменик-министер за надворешни работи, Марцин Пржидач, и унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, разменија мислења за односите Турција - ЕУ и разговараа за неодамнешните меѓународни случувања.
Турција аплицираше за членство во ЕУ во 1987 година, а пристапните преговорите започнаа во 2005 година.
Но преговорите се прекинаа во 2007 година поради противењето на администрацијата на кипарските Грци за поделениот остров Кипар, како и на опозицијата од Германија и Франција.