Adel Omeragic
26 Септември 2019•Ажурирај: 28 Септември 2019
ПОДГОРИЦА (AA) - Министерот за одбрана на Црна Гора Предраг Бошковиќ се состана со министерот за одбрана на Република Словенија Карл Ерјавец, кој претстојува во официјална посета на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Двајцата министри се согласни дека соработката на двете држави е добра, која константно се унапредува со размена на искуства, вештини и знаење од областа на одбраната и безбедноста, како и во рамките на активно учество во регионални иницијативи.
„Разговаравме за тоа како словенските искуства во оваа последна фаза на црногорската интеграција во ЕУ подобро да ги искористиме и како да надминеме некои замки кои посотјат на тој пат. Она што е до Црна Гора треба да го исполниме на најдобар и најбрз начин за да работите се усогласат и да го челаме тој политички став на ЕУ околу проширување", рече Бошковиќ.
Министерот Карло Ерјавец нагласи дека Црна Гора може да смета на Словенија како да доверлив сојузник во сите области. Порача и дека е задоволен со извонредните билатерални односи на двете земји во областа на одбраната, истакнувајќи дека успесите на Црна Гора, нејзиното влегување во НАТО и одличната позиција на патот кон ЕУ, претставуваат добар пример за останатите земји од Западен Балкан, кои се на патот на НАТО и ЕУ интеграциите.
„Словенија во 2021 година ќе претседава со Советот на Европа. Мислам дека тоа ќе биде добра можност за соработка, кога е во прашање одбраната и важноста на ЕУ. Нашиот приоритет за време на претседавањето ќе биде Западен Балкан и ние ќе продолжиме да ѝ даваме поддршка на Црна Гора кога зборуваме за членство", рече Ерјавец.