Zülfiya Yakup
17 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ПРИШТИНА (AA) – Амбасадорката на Турција, Кивилџим Килич е повредена, додека три лица загинаа во сообраќајна несреќа, која се случи денес попладне околу 17 часот кај село Мрамор, на патот Приштина-Гњилане, јавува Anadolu Agency (AA).
Екрем Мустафа, министерот за внатрешни работи на Косово потврди дека во сообраќајката загинале три лица, додека лекарите се борат да го спасат животот на четвртата жртва.
„Вкупно 10 лица беа вклучени во несреќата, од тоа седум се повредени. Во сообраќајката учествуваа три автомобили", рече Мустафа, по посетата на Клиничкиот универзитетски центар на Косово во Приштина.
Тој рече дека здравствената состојба на амбасадорката на Турција, Килич, е добро и дека и е повредено десното рамо.
„Ја посетив, има малку болки, но воглавно е во добра здравствена состојба", рече министерот.
Тој нагласи дека повеќе детали за околностите на несреќата ќе се знаат кога сообраќајни експерти и надлежен обвинител кој е на местото на настанот, ќе објават свој извештај.