Adel Omeragic
16 Ноември 2018•Ажурирај: 17 Ноември 2018
ПОДГОРИЦА (АА) - Бомба тешка околу 1.000 килограми од Втората светска војна е отстранета денес од градилиште на автопатот во близина на Колашин, во северниот дел на Црна Гора, јавува Anadolu Agency (AA).
Бомбата ја пронашле работниците на кинеската компанија CRBC, која ја гради делницата на автопатот од Смоковац до Колашин.
Бомбата е пронајдена при извршување на работата на локалитетот Јабука кај мостот „Taра II“, а отстранета е на безбедна локација каде што ќе се чекаат поволни услови за нејзино уништување.
„Бомбата ја отстранија службениците на Директоратот за вонредни ситуации на МВР, со придружба на полицијата, во согласност со стандардните оперативни процедури“, се соопштува од Министерството за внатрешни работи на Црна Гора.