Eren Beksaç
07 Мај 2020•Ажурирај: 09 Мај 2020
ПРИЗРЕН
Во глетката на несекојдневниот астрономски феномен наречен „Супермесечина“ уживаа граѓаните на Призрен во Косово, јавува Агенција Анадолија (AA).
Првата „Супермесечина" од 2020 година е забележана на 9 февруари, втората на 9 март, а третата на 8 април. Вечерва, во ноќта од 6 кон 7 мај, забележана е последната „Супермесечина" во годината.
Супермесечината, која беше формирана кога Месечината беше најблизу до Земјата, може да се види многу појасно оваа година со намалување на загадувањето на воздухот поради пандемијата на коронавирусот (Ковид-19).