Zylfije Adem Jakupi
07 Мај 2020•Ажурирај: 07 Мај 2020
ПРИШТИНА (АА) - Претседателот на Косово, Хашим Тачи, побара од Европската Унија на Самитот во Загреб да се укине визниот режим за Косово и да му се додели статус на кандидат за членство, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Косовскиот претседател учествуваше на видеоконференцијата во Загреб помеѓу ЕУ и Западен Балкан на тема европската перспектива на регионот и предизвиците предизвикани од пандемијата на Ковид-19.
Во своето онлајн обраќање, Тачи ја повтори итната потреба ЕУ да ги укине визите за Косово, соопштено е од Претседателството на Косово.
Тој нагласи дека Косово ги исполнило сите критериуми за добивање статус на кандидат за членство во ЕУ.
„Пред 20 години, Самитот во Загреб понуди европска перспектива на Косово и на Балканот. Болно е да се слушне истата посветеност, но без одлука за визна либерализација, дури и без статус на кандидат за членство во ЕУ, и покрај фактот што ги исполнивме сите критериуми“, рече Тачи.
Тој ја повика ЕУ и земјите членки да покажат лидерство и подготвеност Косово да се приближи до ЕУ.
„ЕУ и нејзините земји членки имаат моќ да го променат овој негативен тренд. Ја повикуваме ЕУ и нејзините земји членки да покажат лидерство и волја за приближување на Косово кон ЕУ“, рече косовскиот претседател.