Admir Fazlagic
27 Октомври 2018•Ажурирај: 28 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Ноќеска во 3:00 часот завршува летното сметање на времето и почнува зимското, при што, со поместување на часовникот за еден час наназад, времето во 3:00 часот ќе се смета како 2:00 часот, соопшти Бирото за метрологија на Македонија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Стрелките вечерва ќе се поместат и во земјите на Европа, каде што, пак, неодамна е усвоена одлуката да се укине промената на времето, според која, последното поместување на стрелките ќе се случи во октомври следната година.
Промената на времето во Западна Европа е воведена во почетокот на 1970 година, со образложение дека со тоа се продолжува денот, се овозможува заштеда во потрошувачката на електрична енергија, се зголемува продуктивноста, се подобрува приспособувањето на луѓето и работниот ден се прави поефикасен.
Преминот од летно во зимско време првпат е забележан во 1916 година во земјите на Северна Европа, а досега е воведен во околу 70 држави, главно на северната хемисфера.
Инаку, во Македонија зимското и летното сметање на времето се воведени во 1996 година.