Murat Birinci
25 Јули 2019•Ажурирај: 26 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Одборот за монетарна политика на Централната банка на Република Турција денес соопшти дека стапката на инфлација во таа земја до крајот на 2019 година би требала да продолжи со падот и да достигне ниво пониско во однос на претходниот извештај објавен во април тековната година, јавува Anadolu Agency (AA).
Централната банка ја намали репо аукциската каматна стапка за 425 базни поени, од 24 на 19,75 отсто.
Во соопштението е наведено дека се „продолжува подобрувањето во врска со стапката на инфлација“.