Muhammet Kurşun
20 Септември 2020•Ажурирај: 20 Септември 2020
ТЕХЕРАН (АА) - Во Иран, бројот на починати како последица на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се зголеми на 24.301, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролката на Министерството за здравство на Иран, Сима Садат Лари, во изјава за државната телевизија истакна дека во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 починале уште 183 лица.
Лари нагласи дека со ова, вкупниот број на починати од овој вирус во Иран порасна на 24.301.
Таа информира дека во земјата се дијагностицирани уште 3.097 случаи на лица заразени со овој вирус, со што вкупната бројка на детектирани случаи во земјата се зголеми на 422.140.
Според Лари, 3.898 заразени лица се наоѓаат во тешка состојба, а оздравеле 359.570 лица.
Портпаролката Лари нагласи дека во Иран досега се направени 3.746.629 тестирања за Ковид-19.