Erbil Başay
26 Септември 2022•Ажурирај: 27 Септември 2022
БЕРЛИН (АА) - Германскиот канцелар Олаф Шолц е заразен со коронавирусот (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на германската новинска агенција ДПА, портпаролот на германската Влада, Штефен Хебестрајт, соопштил дека Шолц е позитивен на Ковид-19.
Хебестрајт нагласи дека Шолц е ставен во изолација во неговата резиденција во зградата на кабинетот на канцеларот.
Тој информира дека откажани се јавните средби на Шолц што биле планирани за оваа недела. Но, како што рече Хебестрајт, Шолц сака онлајн да учествува на состанокот со премиерите на германските сојузни држави и на другите состаноци.