Furkan Abdula
21 Ноември 2018•Ажурирај: 22 Ноември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во Скопје со работа започна првата градинка на турската фондација Маариф (ТФМ), јавува Anadolu Agency (AA).
По повод отворањето, новата градинка ја посети амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, и делегацијата што ја придружуваше.
Амбасадорката Кара и делегацијата разговараше со децата во градинката, а потоа, во придружба на децата и учителите ја разгледаа градинката, информирајќи се за неа.

Амбасадорката Кара за новинарите истакна: „Првенствено морам да кажам дека тука имаме извонредна градинка. Им честитам на сите што учествуваа во проектот. Кога ќе ги погледнете изразите на лицата на децата, тие насмевки, сè доаѓа на свое место“.
Истакнувајќи дека градинката е отворена со учители од сите етнички припадности во земјата, амбасадорката Кара изјави: „Отворена е градинка во која нашите деца во рамките на учењето јазици, ќе учат на македонски, турски, албански и англиски јазик“.
Амбасадорката Кара продолжи со зборовите: „Една од целите при формирањеето на Фондацијата Маариф во Турција е таа да биде еден вид пречка за структурите на терористичката организација ФЕТО во земјите во кои се наоѓаат. Во истовреме, би сакала да им кажам на сите родители дека можеме со мирна совест да ги испратиме нашите деца во оваа градинка.“
Изразувајќи го своето задоволство што во градинката децата во текот на наставата ќе добијат информации за многу основни теми, амбасадорката Кара истакна: „Посакувам оваа убава градинка, што во Македонија ја отвори Република Турција, да донесе само добри нешта за сите државјани на оваа земја, без оглед на етничката припадност. Им се заблагодарувам на сите што учествуваа во овој проект, првенствено на претседателот на Турција.“
Директорот на турската фондација Маариф во Македонија, Мустафа Дилиоглу, информираше дека едно од првите нешта што ги направиле по пристигнувањето во Македонија било истражување на потребите во образованието, и во таа насока ги разгледале приватните и државните градинки.

Истакнувајќи дека се информирале и од македонското Министерство за труд и социјална политика, во чии рамки спаѓа работата на градинките, директорот Дилиоглу додаде дека градинката во Скопје ја отвориле градинката поради потребата од предучилишно образование во регионот.
Тој информираше дека во градинката има групи во кои наставата ќе се одржува на македонски, турски, албански и англиски јазик.

„Во градинката, нашите ученици она што го посакуваат ќе го научат на еден од овие јазици. Во дворот ќе можат да играат, ќе можат да се соживеат со природата, имаме простор за игра. Градинката има седум занимални, спални соби за учениците и затворени простории во кои учениците можат да играат во зимските денови“.
Информирајќи дека во градинката има и менза за учениците, директорот Дилиоглу истакна: „Во градинката ќе се пружа настава на 130 деца. Започнавме со активности за деца на возраст од 3 до 6 години. По училиштето во Тетово, ова е второ во што е отворено во Македонија. Како што знаете, во Тетово има градинка, основно училиште и гимназија. Се надевам дека догодина ќе отвориме основно и средно училиште во Скопје. Градинката во моментов ја посетуваат околу 25 деца. Со раст на промовирањето, се надевам дека ќе се зголеми и бројот на ученици.“