Furkan Abdula
27 Септември 2017•Ажурирај: 27 Септември 2017
СКОПЈЕ (АА) – Поранешниот премиер на Турција и пратеник во турскиот парламент, проф. д-р Ахмет Давутоглу, во рамките на посетата во Македонија, денес одржа почесно предавање на Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во Скопје, јавува Anadolu Agency (AA).
На предавањето присуствуваа амбасадорката на Турција во Скопје, Тулин Еркал Кара, ректорот на ИБУ, Исмаил Коџајусуфоглу, претставници на институции и здруженија во земјата, како и голем број студенти на универзитетот.
Темата на предавањето на проф. д-р Давутоглу беше „Иднината на националниот и глобалниот (не) поредок: Ексклузивниот популизам против инклузивното глобално владеење“. Во рамките на предавањето, тој се осврна и на актуелните теми во светот.