Ekip
17 Септември 2018•Ажурирај: 17 Септември 2018
СКОПЈЕ (АА) - Американскиот државен секретар за одбрана, Џим Матис, денес пристигна во Македонија, осудувајќи ја Русија дека ги користи своите пари и моќ да ја зајакне опозициската страна во пресрет на референдумот во Македонија, кој ќе го поплочи патот за приклучување на земјата во НАТО, потег на кој се противи Русија, пренесува Anadolu Agency (AA).
Матис на новинарите кои патуваа со него кон Скопје им изјави дека нема сомнение дека Москва финансира проруски групи, со цел референдумот за промена на името, кој треба да се одржи кон крајот на месецот, да не успее.
Владите на Република Македонија и Република Грција во јуни оваа година, во Преспа го потпишаа Договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство, според кој, Република Македонија ќе го смени своето име во Република Северна Македонија.
Дел од спроведувњето на Договорот е и одржување референдум во Македонија, кој е закажан за 30 септември оваа година. Референдумското прашање ќе гласи „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот меѓу Република Македонија и Грција?“.