Diyar Güldoğan
29 Јуни 2017•Ажурирај: 30 Јуни 2017
МОСКВА (АА) - Москва ќе одговори на одлуката на Европската Унија (ЕУ) за продолжување на санкциите за Русија во периодот на следните шест месеци, соопшти вчера портпаролот на Кремљ, пренесува Anadolu Agency (AA).
„Никој не го укина принципот на реципроцитет“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.
Забелешките дојдоа кратко време откако ЕУ ги продолжи економските санкции за Русија, во врска со континуираниот „недостаток на целосна имплементација“ на договорите oд Минск, со цел ставање крај на судирите во источна Украина.
„Санкциите се насочени кон финансискиот, енергетскиот и одбранбениот сектор и во областа на стоките за двојна употреба. Тие вклучуваат забрана на извоз на оружје и стока што може да се користи за воени цели во Русија“, се вели во соопштението на ЕУ.
„Овие санкции не се насочени кон руското население туку имаат за цел промена на руската политика кон Украина“, се вели понатаму.
Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Алексеј Мешков, вчера изјави дека санкциите се „контрапродуктивни“, пренесе руската официјална новинска агенција ТАСС.
Во Украина, во март 2014 година, започнаа судири пoоради анексијата на Крим од страна на Русија, како и нелегалното гласање за независност.