Ömer Tuğrul Çam
11 Септември 2020•Ажурирај: 12 Септември 2020
БРИСЕЛ
Активистите за заштита на околината и членовите на организацијата „Гринпис“ (Greenpeace) поставија голем плакат на зградата на Комисијата на ЕУ во Брисел, на кој е испишана порака „Пожари во Амазонија: Европа е виновна“, јавува Агенција Анадолија (АА)
Членовите на „Гринпис“ без дозвола се качија на зградата на Европската комисија и низ страничниот ѕид го спуштија 40-метарскиот плакат.
„Гринпис“ на социјалните мрежи и на својата интернет-страница ја обвини Европската Унија дека е соучесник во злосторствата на уништување на амазонските шуми.
Со тврдењата дека шумите и екосистемите во целиот свет се жртви на растечкото земјоделско производство, од „Гринпис“ наведуваат дека на Европската Унија ѝ припаѓа 10-процентна одговорност за уништување на шумите од Амазонија до Конго.
„Гринпис“ ја повикува Европската Унија да забрани увоз на земјоделските производи кои доаѓаат од териториите на кои се уништени шумите.