Gökhan Ergöçün
14 Април 2022•Ажурирај: 15 Април 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Бројот на комерцијални летови во ЕУ се зголеми за 156 проценти во март на годишно ниво, покажаа официјалните бројки, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според податоците на „Евростат“, бројката е сѐ уште 27 проценти под нивото пред пандемијата во март 2019 година.
„Во апсолутна смисла, бројот на комерцијални летови изнесуваше 389.181 во март 2022 година, споредбено со 151.986 во март 2021, 296.362 во март 2020 и 530.400 во март 2019 година“, се вели во извештајот на „Евростат“.
Во овој извештај се додава дека во март нема летови во Украина, додека во Русија се регистрирани само 52 лета, сред војната помеѓу двете земји.