Bilal Güler
11 Јуни 2020•Ажурирај: 13 Јуни 2020
АНКАРА
Иранските сили за безбедност запленија 2,3 тони дрога недалеку од границата на Иран со Пакистан, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шефот на полицијата во југоисточниот ирански регион Систан-Белуџистан, Мухамед Канбери, за државните медиуми изјави дека во акција на силите за безбедност запленети се 2,3 тони дрога. Тој не прецизираше за кој вид наркотик станува збор.
Тој додаде дека е запленета и автоматска пушка „калашников“ и три возила.
Во акцијата на полицијата приведен е и водачот на криминалната група која била фатена на дело.
Иранските сили за безбедност често доаѓаат во судир со криумчарите на дрога кои во земјата доаѓаат од соседните Авганистан и Пакистан.