Erbil Başay
15 Јануари 2019•Ажурирај: 16 Јануари 2019
БЕРЛИН (АА) - Во Германија се одложени стотици летови поради штрајкот на безбедносниот персонал на аеродромите во Хамбург, Минхен, Хановер, Бремен, Лајпциг/Хале, Дрезден и Ерфурт, јавува Anadolu Agency (AA).
Откако не беше постигнат напредок во насока на зголемување на платите на безбедносниот персонал во рамки на преговорите меѓу синдикатот „Верди“ и Сојузот на компании за воздухопловна безбедност (BDLS) за колективниот договор, овој синдикат упати апел до вработените денес да организираат предупредувачки штрајк.
Безбедносниот персонал на аеродромите кои го почитуваат овој апел на синдикатот, почнувајќи од синоќа, започнаа штрајк на 8 аеродроми.
Според соопштението на компанијата „Fraport“, која управува со аеродромот во Франкфурт, најголемиот во Германија, одложени се над 1.200 лета кои денес требаше да бидат реализирани. Од друга страна, во Хамбург се одложени 202 од вкупните 357 лета. Весникот „Билд“ (Bild) објави дека на овие 8 аеродроми се одложени околу 1.200 лета.
Во соопштението на Сојузот на аеродроми во Германија се наведува дека се очекува од штрајкот кој ќе продолжи до вечер, да бидат погодени 220.000 патници.
Другите аеродроми кои не ќе можат да реализираат летови кон овие аеродроми кои се зафатени со штрајкот, ги одложија летовите.
Исто така, по апелот на синдикатот „Верди“, и безбедносниот персонал на аеродромите во Берлин, Штутгарт, Диселдорф и Кeлн/Бон, минатата недела одржа штрајк. Во рамки на овие штрајкови беа одложени бројни летови.
Синдикатот преку овие штрајкови сака да изврши притисок врз работодавачите, и бара надомест од 20 евра за час за безбедносниот персонал кој работи на аеродромите. Од друга страна, работодавачите нудат покачување на годишните плати за 1,8 до 2 отсто.
Страните во рамките на преговорите за колективниот договор повторно ќе се состанат на 23 јануари.