Şerife Çetin
26 Јуни 2017•Ажурирај: 27 Јуни 2017
БРИСЕЛ (AA) - Европската Унија (ЕУ) ќе испрати дополнителни пет милиони евра за борба против епидемијата на колера во Јемен, која забрзано се шири, јавува Anadolu Agency (AA).
-Епидемијата на колера во Јемен во последните неколку седмици почна забрзано да се шири и потребно е итно да се делува, изјави европскиот комесар за хуманитарна помош, Кристос Стиландес, се наведува во соопштението на Европската комисија.
Во соопштението се вели дека помошта од ЕУ ќе биде користена за мерките на Обединетите нации (ОН), со цел да се спречи ширењето на епидемијата.
Се додава дека Унијата е подготвена да ја даде потребниата помош, но оваа катастрога ќе биде завршена само со политичко решение.
Заедно со последната, вкупната помош на Европската комисија во Јемен во 2017 година изнесува 121,7 милиони евра.
Извештаите на Светската здравствена организација (СЗО) велат дека 1.233 лица починале од последиците од колерата што во Јемен се појави во април.
Од 27 април, во земјата се забележани 185.301 случаи за кои постои сомневање дека се заразени со колера.
Помош во Јемен испратија повеќе меѓународни организации, меѓу кои и Светската здравствена организација, Црвениот крст и Меѓународниот фонд на ОН за деца (УНИЦЕФ).
Лошите санитарни услови во земјата во којашто веќе неколку години владеат судири, го зголемуваат ризикот од заразата со колера.