Beyza Binnur Dönmez
01 Јули 2023•Ажурирај: 03 Јули 2023
ЖЕНЕВА (АА) - Европската Унија денес соопшти дека палењето на примерокот на Куранот или на која било друга света книга е „навредливо“ и дека претставува „непочитување и јасен чин на провокација“, пренесува Анадолу.
Реакцијата следуваше откако лице идентификувано како Салван Момика (ЕУ) запали примерок на муслиманската света книга под полициска заштита пред џамија во Стокхолм во средата.
Провокацијата се поклопи со првиот ден на Курбан бајрам, еден од наголемите исламски верски празници што го слават муслиманите низ светот.
„Манифестацијата на расизам, ксенофобија и нетолерантност нема место во Европа“, изјави Набила Масрали, портпаролката на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика.
Таа додаде дека ЕУ му се приклучила на Министерството за надворешни работи на Шведска во нивното остро отфрлање на чинот на палење на Куранот.
„Овој чин на ниту еден начин не ги одразува ставовите на Европската Унија. Уште е пожално што таквиот чин е извршен за време на така важен муслимански празник, Курбан бајрам“, додаде Масрали.