Yusuf Hatip
17 февруари 2020•Ажурирај: 18 февруари 2020
БРИСЕЛ (АА) - Високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Џозеп Борел, истакна дека состојбата на терен во Либија е многу лоша, јавува Агенција Анадолија (АА).
Борел даде изјава за медиумите пред состанокот на Советот за надворешни работи во Брисел, во која рече дека Берлинскиот процес продолжува да функционира.
„Состојбата на терен [во Либија] е многу лоша“, рече Борел, додавајќи дека прекинувањето на продажбата на нафта во Либија, ја ослабнува економијата на оваа земја.
„Либија дневно губи 60 милиони долари од нафтата што не може да ја продаде“, истакна Борел, нагласувајќи дека денеска ќе разговараат за тоа какви мерки може да се преземат за контролирање на ембаргото за оружје.