Muhammet Kurşun
08 Ноември 2020•Ажурирај: 09 Ноември 2020
ТЕХЕРАН
Првиот потпретседател на Иран, Исхак Џихангири, упати апел до Џо Бајден кој победи на претседателските избори во Соедиетите Американски држави (САД), да се врати на Договорот за нуклеарна програма, пренеусва Агенција Анадолија (АА).
Џихангири ова го истакна преку објава на свјојот профил на социјалната мрежа Твитер.
Тој рече дека по изборите во САД, заврши периодот на Доналд Трамп и на неговиот про-воен тим.
„Карактеристиката на политиката која ја спроведуваше Трамп беше повлекување од меѓународните организации во врска со животната средина, санкции против Иран и расисам“, нагласи тој.
Џихангири истакна дека нема да го заборават убиството на Касим Сулејмани, како и проблемот со снабдување со лекови и економските проблеми предизвикани од санкциите спроведени против Иран.
„Се надевам дека ќе се смени деструктивната политика на САД. Посакувам САД да ги почитуваат законите, да се вратат во меѓународните договори и да покажат почит кон народите“, рече Џихангири во врска со администрацијата на Бајден.
Договорот за нуклеарната програма меѓу земјите П5 + 1 и Иран е потпишан во 2015 година за време на мандатот на поранешниот американски претседател Барак Обама.
Американскиот претседател Доналд Трамп се повлече од овој договор во мај 2018 година.