Tevfik Durul
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
АТИНА (АА) – Истражување на јавното мислење спроведено во Грција покажа дека 69,8 проценти од населението сакаат билатералните проблеми со Турција да бидат решени со воспоставување дијалог, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Атинскиот весник „Та неа“ ги објави резултатите од истражувањето за тоа што мислат граѓаните за тензиите со Турција.
На прашањето дали за решавање на тензијата со Турција „треба да се оди по патот на дијалогот или не“, 69,8 проценти од анкетираните истакнале дека „да, треба да се оди на дијалог“.
На прашањето за можноста од сериозен инцидент со Турција во иднина, 63,7 отсто од граѓаните навеле дека можноста е „висока или умерена“, додека 34,5 проценти од испитаниците истакнале дека можноста е „мала или воопшто нема“.
На прашањето дали Грција против Турција „треба да ги употреби воените можности“, 49,2 отсто од испитаниците истакнале дека „треба да употреби или веројатно треба да ги употреби“, додека 47,1 отсто од анкетираните на ова прашање одговориле „не треба или веројатно не треба“.