Muhammet Kurşun
02 Април 2019•Ажурирај: 03 Април 2019
ТЕХЕРАН (АА) - Министерот за здравство на Иран, Саид Немеки, соопшти дека во поплавите низ земјата животот го загубиле 46 лица, јавува Anadolu Agency (AA).
Немеки во изјава за медиумите информираше околу поплавите предизвикани од поројните дождови кои веќе две недели ја зафатија земјата.
Тој рече дека во поплавите загинале вкупно 46 лица, од кои 21 во иранската јужна покраина Фарс.
Немеки упати апел да се евакуираат куќите во одредени зони, да не се патува во тие подрачја и жителите да не се приближуваат до поплавените зони и реки.
Од друга страна, управителот на областа Шуш при Хузистан, Аднан Гази, истакна дека постои опасност од прелевање на браните Дез и Керха и дека е прогласена вонредна состојба во регионот. Тој рече дека упатил апел за итна евакуација на 70 села и подрачја во регионот.
Поплавите предизвикани од поројните дождови кои веќе околу две недели ги зафатија иранските покраини, како Хузистан, Голестан, Лористан, Фарс, Керманшах и Хемедан, предизвикаа голема материјална штета и одзедоа човечки животи.