Adem Şalvarcıoğlu
31 Мај 2018•Ажурирај: 31 Мај 2018
ХОНОЛУЛУ (АА) - Вулканот Килауеа во сојузната американска држава Хаваи по последната експлозија исфрли лава која е досега најжешката и најбрзо се движи, јавува Anadolu Agency (AA).
Поради температурата на лавата и брзината со која се движи, издадено е предупредување за евакуација на населението.
Венди Стовал, експерт од Американскиот геолошки институт (USGS) рече дека лавата по последната ерупција се движи толку брзо што за околу еден час може да покрие површина од шест фудбалски игралишта.
Стовал истакна дека станува збор за лава која досега најбрзо се движи и е најжешка, а вулканот ја исфрла и до 61 метар во височина.
Цивилната заштита на Хаваите упати апел до населението што живее на тоа подрачје да се упати кон побезбедни места.
Подрачјето беше погодено и од неколку земјотреси со послаб интензитет.
На почетокот на мај, вулканот почна да исфрла лава, камења и отровни гасови поради што се евакуирани околу 2.000 лица.
Станува збор за еден од најактивните вулкани на светот кој има ерупции од 1983 година.