Admir Fazlagic
14 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во третиот натпревар од Лигата на нации, репрезентацијата на Македонија ја постигна и третата победа. Вечерва на арената „Филип Втори“ во Скопје беше совладана репрезентацијата на Лихтенштајн со резултат 4:1, јавува Anadolu Agency (AA).
Избраниците на селекторот Игор Ангеловски вечерва играа офанзивен фудбал, што донесе до позитивен резултат на самиот почеток од напреварот. Во 10. минута од првото полувреме, Македонија поведе преку Трајковски по одлична асистенција на капитенот Пандев.
Дваесеттина минути подоцна, истиот тандем направи добра акција и Трајковски го постигна вториот погододок на овој натпревар а 14. погодок во националниот дрес.
Потоа, во 36. минута, повторно дојде до израз Пандев. Тој искористи една одбиена топка и постигна гол, после слободниот удар на младиот Барди.
Сепак, само една минута подоцна, поради невнимателност во одбраната кај македонската репрезентација, нововлезениот Губсер го пронајде Јилдиз за намалување на негативата, со што беше заокружен резултатот од 3-1 за првото полувреме од овој натпревар.
Во второто полувреме, фудбалерите на репрезетнацијата на Македонија продолжија со офанзивна игра, а ихтенштајн се трудеше да прими што е можно помалку голови.
Четвртиот гол за дошмашната репрезентација падна во 67. минута. Алиоски по соло продор од десната страна шутираше прецизно и го постави конечниот резултат на овој натпревар, 4-1 за Македонија.
„Црвено-жолтите" го приведоа мечот до крај остварувајќи убедлива победа, што беше трета по ред во рамките на Лигата на нации.
По овој натпревар на Македонија и е потребен само уште еден бод во последните три кола за да го завери првото место во четвртата група од Д лигата.
Првиот меч е веќе во вторник кога репрезентацијата на Македонија ќе игра против Ерменија на гости.

- Со громогласен аплауз поздравена првата фудбалска репрезентација на Македонија
Пред вечерашниот натпревар на „Арена Филип Втори“ во главниот град на Македонија, продефилира првата репрезентација на Македонија која пред точно 25 години во Крањ ја победи Словенија со 4:1.
Предводени од тогашниот селектор на репрезентацијата Андон Дончевски, фудбалерите и другите членови на тимот од 1993 година кои беа учесници на тој историски прв натпревар за фудбалската репрезентацијата Македонија, беа поздравени со громогласен аплауз од публиката присутна на стадионот.
По тој повод, фудбалската федерација на Македонија на членовите од експедицијата од Крањ им додели пригодни плакети и подароци со што беше одбележан овој јубилеј.