Admir Fazlagic
13 Октомври 2018•Ажурирај: 14 Октомври 2018
СКОПЈЕ (АА) - Македонската фудбалска репрезентација води со 3:1 после првото полувреме во третиот натпревар од УЕФА Лигата на нации против Лихтенштајн, кој се игра во Скопје на Националната арена "Филип Втори", јавува Anadolu Agency (AA).
Избраниците на селекторот Ангеловски вечерва играат офанзивен фудбал, што донесе до позитивен резултат на самиот почеток од напреварот. Во 10. минута од првото полувреме, Македонија поведе преку Трајковски по одлична асистенција на капитенот Пандев.
Дваесеттина минути подоцна, истиот тандем направи добра акција и Трајковски го постигна вториот погододок на овој натпревар а 14. погодок во националниот дрес.
Потоа, во 36. минута, повторно дојде до израз Пандев. Тој искористи една одбиена топка и постигна гол, после слободниот удар на младиот Барди.
Сепак, само една минута подоцна, поради невнимателност во одбраната кај македонската репрезентација, нововлезениот Губсер го пронајде Јилдиз за намалување на негативата, со што беше заокружен резултатот од 3-1 за првото полувреме од овој натпревар.