Murat Kaya,Başak Akbulut Yazar
05 Март 2021•Ажурирај: 06 Март 2021
ИСТАНБУЛ/АНКАРА (АА) - Во рамките на две одвоени истраги против терористичката организација ФЕТО, обвинителствата во Истанбул и Анкара издадоа налози за приведување на 53 осомничени лица, вклучувајќи ги т.н. цивилни имами, одговорни за инфилтрираните терористички структури на ФЕТО во војската на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што е соопштено, истрагите против лицата поврзани со терористичките структури на ФЕТО, кои ги спроведува Одделот за борба против тероризам при Обвинителството во Истанбул, се продолжени.
Од канцеларијата на јавниот обвинител во Истанбул е издаден налог за приведување на 13 осомничени, вклучувајќи т.н. цивилни имами, кои се занимаваат со терористите на ФЕТО инфилтрирани во редовите на Турските вооружени сили (TSK).
Преземајќи акција со цел апсење на осомничените, тимовите на Одделот за борба против организираниот криминал и тероризам при полициската управа во Истанбул започнаа операција во седум области, раководена од Истанбул.
Обвинителството во Анкара издаде налог за приведување на 40 лица во состав на истрагата за терористичката структура на ФЕТО во Командата на поморските сили на турската војска.
Терористичката организација ФЕТО е одговорна за крвавиот обид за пуч во Турција, ноќта на 15 јули 2016 година.
Станува збор за терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), и чија екстрадиција Турција официјално ја побара од САД.
Припадниците на терористичката организација, со години, преку местење испити напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, членовите на ФЕТО во правосудството на Турција со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат бројни високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и неуспешниот крвав обид за државен удар на терористите на ФЕТО, односно обидот за пуч, што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрира во турската војска.
Истрагата во врска со терористичката организација ФЕТО покажа дека се работи за глобална мрежа, која не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските функционери. Во текот на обидот за државен удар во Турција загинаа 251, а ранети беа околу 2.200 лица.