Yasemin Kalyoncuoğlu
07 Февруари 2022•Ажурирај: 08 Февруари 2022
АНКАРА
Министерството за одбрана на Турција објави дека двајца терористи на ПКК/ЈПГ се неутрализирани во зона на операцијата „Извор на мирот“ во северниот дел на Сирија, известува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека терористите се неутрализирани додека се обидувале да се инфилтрираат во зона на операцијата „Извор на мирот“.
Се додава дека Турција одлучно ја продолжува борбата против терористите.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Европската Унија и САД. За време на повеќедецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК се одговорни за смртта на најмалку 40.000 луѓе. Во северна Сирија дејствува ЈПГ, кој е огранокот на ПКК.
Турските сили во северна Сирија во изминатите шест години по должината на сириско-турската граница спроведоа неколку успешни антитерористички операции: „Штитот на Еуфрат“ (2016), „Маслинова гранка“ (2018) и „Извор на мирот“ (2019).
Целта на операциите беше ослободување на пограничниот појас од терористичките организации, да се спречи формирање терористички коридор и да се воспостави безбедна зона за цивилите.