Elena Trenchevska Chekovic
20 Јуни 2025•Ажурирај: 21 Јуни 2025
СКОПЈЕ (АА) - Полумесечина го осветли небото над Истанбул синоќа создавајќи прекрасна глетка од сите делови на турската метропола, јавува Анадолу.
Објективот на Анадолу забележа спектакуларни кадри од месечината над Големата џамија Чамлиџа и кулата Галата.
Граѓаните имаа можност да уживаат и да ја фотографираат импресивната глетка што им даде посебен шарм и на другите знаменитости на Истанбул.