Ferdi Türkten
22 Јуни 2021•Ажурирај: 23 Јуни 2021
АНКАРА (АА) - Националната разузнавачка служба на Турција (МИТ) во операција во ирачкиот град Сулејманије го неутрализира терористот на ПКК, Улаш Доган, кој се наоѓаше на црвената потерница на Интерпол и кој го користеше кодното име „Улаш Дерсим“, јавува Агенција Анадолија (АА).
Неименувани безбедносни извори соопштија дека МИТ дошол до сознание дека Доган, еден од челниците на терористите на ПКК во Ирак, планира извршување напад врз турската заедница во северниот дел на Ирак.
Терористот Доган се обидувал да ги врбува цивилите во северните ирачки градови за кампања против Турција, а работел и на собирање информации за припадниците на турската заедница во тој регион.
Турски МИТ го неутрализира терористот во подрачјето на Каладизе во Сулејманије. Терористот во тоа место дошол во рамките на своите терористички активности за собирање податоци.
Неутрализираниот терорист се товари за голем број терористички дела извршени на југоисточниот дел на Турција, вклучувајќи минирање, пресекување на патишта и палење на возила. Своевремено бил и еден од водачите на терористите на ПКК на северноирачката планина Хакурк, а се сметал за шеф на т.н. „сили на самоодбрана“ на ПКК.
Станува збор за терорист кој бил организатор или налогодавец за голем број терористички напади во Турција, вклучувајќи го и убиството на двајца полицајци во Тунџели во јуни 2011 година и на полицајци и жени во септември истата година во Тунџели. Тој се смета и за соучесник во нападот во кој во август 2012 година во Тунџели беше убиено момче од локалната стража.
Турски МИТ неодамна изврши слична операција во која е неутрализиран Хасан Адир, водачот на терористите на ПКК во ирачкиот град Сулејманије.