Sertaç Bulur
17 Септември 2020•Ажурирај: 18 Септември 2020
АНКАРА
Во турскиот главен град Анкара приведени се 16 лица со потекло од Ирак кои биле во контакт со терористичката организација ДЕАШ и со конфликтните зони, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како резултат на координативната работа на Одделот за антитероризам и Одделот за разузнавање при Полициската дирекција во Анкара, откриени се 19 лица со потекло од Ирак за кои постојат разузнавачки информации дека имале контакт со терористичката организација ДЕАШ и со конфликтните зони.
Како резултат на реализираната операција, приведени се 16 од вкупните 19 осомничени лица.
Се вели дека во тек се операциите за фаќање на осомничените кои се во бегство.